Миноски те предупредуваме 167 милиони евра мора да има на депозитната сметка за 2017-та!

Од:

Го предупредуваме министерот за финансии Кирил Миноски дека на депозитната сметка на крајот од годината, односно на 31-ви декември 2016-та година треба да останат вкупно 10 милијарди и 245 милиони денари или 167 милиони евра.

Овие 167 милиони евра на депозитната сметка коишто се изгласани со новиот ребаланс на Буџетот се финансиски средства коишто се наменети за наредната 2017-та година.

Доколку на крајот од годината има помалку средства од 167 милиони евра на депозитната сметка ќе биде прекршен Законот за извршување на Буџетот.

Затоа Кирил Миноски да внимава со исполнувањето на желбите на неговиот наредбодавател Груевски и со трошењето на парите на граѓаните за да не влезе во нови кривични дела.

Сите исплати кон граѓаните и фирмите, предупредуваме дека треба да се извршат во прецизно дефинираните законски рокови.

СДСМ будно ќе го следи трошењето на 450-те милиони од незаконската еврообврзница како и трошењето на народните пари и предупредуваме дека сите инволвирани во незаконското издавање на оваа еврообврзница ќе одговараат, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра