Миноски: Буџетот ликвиден, нема потреба од ребаланс, субвенциите ќе се исплатат по објавување на одлуката

Од:

Буџетот е ликвиден, а за исплата на земјоделските субвенции од Министерството за финансии ќе се чека да се објави Одлуката на Уставниот суд.

Ова го истакна денеска министерот за финансии Кирил Миноски одговорајќи на новинарски прашања на Денот на финансиската едукација, при што рече дека во моментов нема потреба од ребаланс и од издавање еврообврзница.

– Во моментов не постои потреба од ребаланс на буџетот, како и за еврообврзница. Постои доволна ликвидност на домашниот пазар и наплатата на приходите е на соодветно ниво, рече Миноски.

Тој додаде дека податоците се објавуваат на веб страницата на Министерството за финансии од кои е јасно дека постои ликвидност во буџетот.

За исплатата на субвенциите рече дека постои одредена постапка во Уставниот суд за објавување на одлуката и откако ќе биде објавена ќе се види што содржи.

– Треба да ја видиме одлуката и да видиме кога ќе биде објавена. Доколку не е спорна и ако не постои законска пречка ќе може да се почне со исплата на субвенции, рече Миноски и додаде дека најголем дел од документите стапуваат на сила во моментот кога ќе бидат објавени, било да е тоа официјално на веб страница или во Службен весник.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски