Министрите за финансии од ЕУ не постигнаа договор за банките

Од:

Министрите за финансии на земјите од ЕУ не успеаја да постигнат согласност како најдобро да се реши прашањето за банките, без да има потреба даночните обврзници да ги спасуваат кредиторите, изјави францускиот министер за финансии Пјер Московиси.


Тој нагласи дека, иако преговорите траеле до раните утрински часови, министрите останале на различни ставови за клучните прашања и дека ќе биде одржана вонредна седница во среда, јави БТА. 


Министрите требаше да дефинираат нови правила за редот, по кој инвеститорите и кредиторите ќе треба да плаќаат за реструктуирање на банките. Некои земји барале пофлексибилна примена на правилата. Други биле против, стравувајќи дека тоа ќе предизвика нов дебаланс меѓу послабите и посилните економии.


Московиси изрази увереност дека идната недела министрите ќе постигнат договор.


Според дипломатски извори Германија и Холандија биле меѓу земјите, кои го попречувале постигнувањето на договорот, настојувајќи да нема голема флексибилност во спроведувањето на правилата, јави ДПА.


Пред средбата во Луксембург слична позиција изразија и Австрија и Европската централна банка.


Според аналитичарите постои опасност доколку во брзо време не биде постигнат договорот по ова прашање, да нема доволно време да се заврши законодавниот процес пред изборите за Европскиот парламент идната година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски