Министрите за финансии на ЕУ се договорија за единствен банкарски надзор во еврозоната

Од:

Министрите за финансии на ЕУ постигнаа согласност за единствен банкарски надзор во еврозоната.

Создавањето заеднички надѕор во банките во еврозоната, кој е доверен на Европската централна банка (ЕЦБ), е првата етапа која европските лидери сакаат да ја средат за избегнување нови кризи.

Министрите за финансии постигнаа компромис по спорните точки – опфатот на директниот надѕор на ЕЦБ, како и усогласувањето на заедничкиот европски банкарски орган.

Еврокомесарот за внатрешен пазар и финансиски услуги Мишел Барние соопшти дека заедничкиот надзор на банките во еврозоната ќе почне да дејствува од 1 март 2014 година.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот