Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство сака да ја информира јавноста дека СДСМ и Љупчо Николовски продолжува да ја манипулира и вознемирува јавноста во обид да добие ситни политички поени користејќи ја маката со која се соочуват сточарите, без ни малку грижа за нив.
Како што веќе е запозната јавноста, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство напорно и континуирано работат на спречување на ширењето на болеста „јазлеста кожа“ кај говедата и во согласност со протоколите на ОИЕ-Светската здравствена организација за здравствена заштита на животните сите итни и неопходни физичко-технички мерки, во смисла на изолирање на болните животни, нивното не штетно отстранување, поставување на бариери за дезинфецкија и формирање на заштитни зони беа веднаш превзменеи и беше спречено неконтролирано ширење на болеста, се додава во соопштението од АХВ.
Министерството и Агенцијата навремено ги презема сите неопходни мерки и успеа навремено да го спречи ширењето на болеста и да интервенира, што е доволен доказ дека институциите на Република Македонија функционираат професионално и во пресрет на сточарите.
Остануваме фокусирани на напорот за справување со болеста од која што стравува цела Европа и апелираме да не се создава паника поради ситни и лични интереси.
Исплатата на штетите кон сточарите веќе се подготвуваат и по теренските и административни контроли ќе бидат реализирани во законскиот рок од 90 дена, односно се прават напори да бидат исплатени и пред тој рок, реагираат од Министерството за земјоделство.