„Министрството за земјоделство нема намера да влегува во полемики со политички партии, но должно е да ја информира јавноста за реалноста и фактичката состојба во земјоделието поради погрешните политики што ги водеше поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Новата Влада на Република Македонија, свесна за последиците од погрешните политики коишто се водеа изминативе години, веднаш се зафати со решавање на напластените проблеми, во интерес на земјоделците и во интерес на сите граѓани.
Го продолживме рокот за аплицирање за субвенциите за 2017 до 15-ти септември.
Се направи измена на програмата за финансиска поддршка во која се воведоа мерките за исплата на штети на земјоделски површини предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани, мерките кои ги воведовме во финансиската програма се;
– Помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани кои се случиле во 2017.
– Дополнителна помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани кои се случиле во 2017.
Од програмата за финансиска поддршка се издвои 1 милијарда денари за штетите од измрзнување, град и поплави кои се случија во 2016 година
Се направи промена во Законот за земјоделство и рурален развој каде ќе се овозможи исплата на субвенции за тутун од 2016 година, во висина од 1.5 милијарди денари
За жал, директорот на А.Д. Водостопанство на РМ, Ромео Тренов, очигледно не си ја работи својата работа за која е платен од граѓаните и поважно му е да пласира лаги на партиски прес конфрренции отколку да се грижи за земјоделците. Впроем тоа се случуваше и во изминатите 11 години.
Граѓаните треба да знаат дека токму поради А.Д. Водостопанство се кочи исплатата на земјоделските субвенции за тутун , бидејќи се уште ги нема внесено податоците во софтверот на платежна агенција за земјоделците кои не се должници за воден надомест, со што директно се ускратува исплатат на субвенциите“ се вели во демантот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.