Министерот Сарачини ги посети занаетчиите од Старата скопска чаршија

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ги посети занаетчиите од Старата Чаршија, кои добиле субвенции за проектот „Автентичнa ракотворба за 2012 година“, со кој беше предвидено субвенционирање на занаетчии преку кофинансирање.

Со оваа активност од Програмата беше предвидено кофинансирање на занаетчиите до 5.000 евра,  од  докажаните трошоци направени за набавка на опрема и алати како и за стручно оспособување.

– За реализација на оваа активност, Министерството за економија предвиде 1.000.000 денари, а  Јавниот повик за субвенционирање на занаетчиите беше објавен 2 пати. Од предвидените средства беа одобрени 709.575 денари и тоа за СЗД „Бардаче“ Злетово, „Вистински Тон“, Скопје, Златарски дуќан „Финеса“, Скопје, „Ивама траде“ Скопје и Златарски дуќан „Весел“, информира Сарачини.

Вулнет Селими, сопственик на златарница во Старата скопска чаршија изјави дека аплицирал и добил субвенција од 145.000 денари, кои многу му помогнале. Апелира другите занаетчии да аплицираат затоа што субвенцијата била реална помош.

Министерот Сарачини  при посетата  ги информира занаетчиите и за Проектот за поддршката на автентичните занаети за годинава, каде согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво се  предвидени 1.200.000 денари за кофинансирање трошоци за набавка на опрема и алат, уредување и подобрување на деловни простории, стручно оспособување на вработените. Предвидено е  да се признаат трошоците настанати во периодот од 1 јануари  до 15 октомври годинава.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница