Министерот Николовски на трибина во Прилеп ја презентираше состојбата со откупот на тутунот

Од:

Висока просечна откупна цена од 217,5 денари за килограм, зголемени субвенции кои што за прва класа достигнуваат и до 80 денари за килограм и низа мерки кои што ќе придонесат за што пореална исплата на субвенциите на тутунарите. Ова беше темата на трибината на прилепските тутунари со министерот за земјоделство,Љупчо Николовски што се одржа вчера вечерта во Прилеп, во центарот за култура „Марко Цепенков“.

„Сакаме да ги резимираме резултатите од последната реколта, бидејќи имаме информации што потврдуваат дека е постигната исклучително висока откупна цена на тутунот од 217,5 денари за килограм. Владата на Република Македонија во претходниот период внимателно ја следеше постапката во делот на откупот. Тука сме да ги објавиме и новите политики на Владата во овој дел, но и да ги разгледаме отворените прашања и на транспарентен начин да го продолжиме дијалогот со тутунопроизводителите“, порача меѓу другото министерот Николовски.

Како што рече Николоски, неговото присуство на трибината се должи на потребата од засилување на комуникацијата со земјоделците, пред сѐ со тутунопроизводителите од прилепскиот регион.Според градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски зголемувањето на висината на субвенциите за тутунот од минатогодишната реколта доаѓа во вистинско време. Затоа што ова се случува во период, кога на тутунопроизводителите им требаат пари за подготовки за претстојната сезона.

„Како регион со најголемо производство на тутун во Република Македонија, зголемувањето на висината на субвенциите има големи придобивки за прилепскиот регион. На овој начин ќе заживеат чаршијата, пазарот и економијата, што претставува огромен придонес за граѓаните на општина Прилеп“, изјави градоначалникот Јованоски.

На трибината освен министерот Николовски и градоначалникот Јованоски, пратеници, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и други гости.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда