Министерот Николовски на „Преспански јаболкобер 2017“

Од:

Во рамки на традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2017“, денеска симболично ќе биде откинато првото јаболко на овошниот насад во „Агроплод“, Ресен.

На настанот ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот Ѓоко Стрезовски.

Претходно, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи и литургија за благослов на плодовите, а на градскиот плоштад „Цар Самоил“ во текот на денот е предвидено одржување саемска презентација на земјоделски производи и механизација.

„Преспански јаболкобер 2017“ почна на 25 септември, а ќе трае до сабота, 30 септември.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар