Министерот Димовски во посета на Тиквешијата

Од:

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски за време на денешниот престој во Тиквешијата го посети откупниот пункт за грозје во селото Марена, каде го означи почетокот со работа на новоизградената винарија.

Менаџерот на винаријата „Повардарие Аневски“, Ѓорѓи Бебеџаков го информира министерот дека винаријата има капацитет да преработи милион килограми грозје во околу 700 илјади литри вино.

– Наша тенденција е капацитетот на преработувачкиот капацитет да се зголемува од година во година. Ќе стартуваме со производство на наливно вино од повеќе сорти на грозје, а флашираното вино секако дека е во нашите планови. За виното што ќе го произведеме веќе однапред имаме обезбедено пласман, рече Бебеџаков.

Министерот за време на посетата на Тиквешијата разговараше со лозарите, изразувајќи задоволство од текот на годинешниов гроздобер.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници