Министерот Димовски се сретна со кинеска делегација

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска имаше средба со кинеска делегација предводена од градоначалникот на градот Намчун, во провинцијата Фичуан, Џианг Донг и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија Цуи Џивеи.

Провинцијата Фичуан, како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставува една од најразвиените провинции во делот на земјоделството, посебно во сточарството и одгледувањето на свилени буби и производство на свила, од каде всушност доаѓа и името на главниот град Нанчун (Престолнина на свилата).

– На средбата, гостите изразија голем интерес за инвестирање на кинески компании во земјоделскиот сектор. Во Македонија се дојдени за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, во преработувачката индустрија, во делот на преработки од месо и преработка на ориз, во производството на свила, а секако го истакнаа и македонското вино кое веќе станува препознатливо на нивниот пазар. Поради добрата местоположба на Република Македонија ги разгледуваат можностите за отварање на претставништа на кинески фирми во слободните економски зони, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот Димовски на средбата истакнал дека Македонија е солиден произведувач на земјоделски производи и оти се бележи континуиран пораст на производството и извозот на земјоделски производи.

– Со цел продлабочување на трговската соработка и унапредување на извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи, со Народна Република Кина веќе е потпишан Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството и Протокол за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Република Македонија во НР Кина, со што формално правно веќе е овозможена соработката во областа на земјоделството, се вели во соопштението.
Во него се додава дека кинескиот пазар е најголем во светот, меѓутоа тоа е и многу пребирлив пазар, за кој е потребен квалитет кој ќе ги задоволи потребите на кинеските потрошувачи. – Вашата идеја за присуство на кинески компании, кои ќе отворат свои претставништа во Македонија е одлична можност за вашите бизнисмени, затоа што Република Македонија претставува врата кон пазарот на Европската Унија, за кој сите закони во Република Македонија кои се однесуваат на областа на земјоделството се целосно усогласени со законодавството на Европската Унија. Исто така ја имате мојата поддршка за било која инвестиција во областа на земјоделството, истакнал Димовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници