Министерот Димовски се сретна со босанскиот колега Шаровиќ

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски за време на посетата на БиХ, се сретна со босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи Мирко Шаровиќ.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, на состанокот, освен Шаровиќ присуствуваа и директорот на Управата за ветеринарство Сејад Мачкич, помошник министерот одговорен за земјоделство Душан Нешковиќ, како и директорот на Фитосанитарната управа.

Во текот на разговорите беше иницирано потпишување меѓудржавен пртокол за поедноставување на трговијата меѓу двете земји и усогласување на процедурите за увоз-извоз. БиХ последниве две години претседава со ЦЕФТА и двајцата министри дискутираа за последиците за земјите членки на ЦЕФТА од влезот на Хрватска во ЕУ.

Министерот Шаровиќ информира дека БиХ се уште не почнала со процесот на формирање платежна агенција, но сепак ги користи ИПА фондовите. Нешковиќ се осврна на успехот на Македонија во креирањето добра земјоделска политика која, како што рече, дава конретни резултати. Според него, за многу кратко време извозот на земјоделски производи достигна пола милијарда евра, а и производството е двапати зголемено. БиХ, рече, сака да го сподели нашето искуство и бара поддршка во делот на воведувањето на европските земјоделски политики. Министерот Димовски изрази подготвеност за помош од македонска страна.

Во БиХ не се усогласени правилата и законодавството за доделување субвенции меѓу ентитетите, но приближувањето кон ЕУ неминовно ќе бара тоа да се стори што поскоро.

Како што беше истакнато, наскоро ќе се организира состанок на директорите на сите институции за храна од регионот со цел заеднички да се направи процена на ризикот на млекото и сточната храна, како и да се усогласат процедурите за процена на ризик во регионот за да се избегнат ситуации како онаа со афлатоксините.

Директорот на Фитосанитарната управа истакна дека БиХ воведува нов систем на одобрување препарати за заштита на растенија за што побара да дојдат кај нас и да ги споделат искуствата од нашата Фитосанитарна управа во делот на законодавството и усогласувањето со легислативата на ЕУ.

Димовски и Шаровиќ се согласија дека досегашната успешна соработка меѓу двете земји треба да продолжи со посебен акцент на Постојаната работна група за рурален развој во чии рамки секоја година се одржуваат состаноци на министрите за земјоделство од регионот и се разговара за аграрните политики.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар