Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска во унгарскиот главен град Будимпешта ќе присуствува на Министерскиот состанок на земјите-членки на Централно Европската Инцијатива (ЦЕИ).
На состанокот на министри на ЦЕИ на тема „Зелен развој со фокус на руралниот развој“, ќе се дискутира за одржливо земјоделство, сигурност во обезбедување на храна и безбедност на храна и заштита на животна средина со посебен акцент на руралниот развој. На крајот на овој состанок идеите ќе бидат изразени во заедничка декларација.
За време на својата посета на Будимпешта министерот Димовски и министерот за рурален развој на Унгарија, Сандор Фазекаш ќе остварат билатерална средба на која ќе потпишат меморандум за соработка во областа на земјоделството и руралниот развој.
ЦЕИ е меѓувладин форум кој ја промовира политичката, економската и културната соработка меѓу нејзините земји-членки и нејзината основна мисија е регионалната соработка за европска интеграција. Вкупно 18 земји членки се во ЦЕИ меѓу кои, Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Молдавија, Словачка, Чешка, Полска, Австрија, Унгарија и други.