Министерот Димовски на Саем за свежо овошје и зеленчук „Светот на храната“

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го посети Саемот за свежо овошје и зеленчук „Светот на храната“ што се одржува секоја година од 16-20 септември во Москва.

Саемот е поставен на вкупна површина од 56.240 метри квадратни и преставува можност за воспоставување бизнис односи помеѓу  субјектите на  двете земји.

Со поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оваа година учествуваат познати 12 компании, меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус и други. Поддршката се обезбедува за поорганизиран настап на најизвезуваните македонски земјоделски производи и тоа квалитетното македонско вино и свежиот и преработен зеленчук и овошје на пазари на кои е недоволно промовирано македонското земјоделско производство.

Министерот Димовски, соопшти денеска МЗШВ, го посетил македонскиот штанд, каде што на средба со македонските изложувачи, нагласил дека ваквите саеми претставуваат одлична можност за стопанствениците за остварување деловни контакти. Тој истакнал дека Министерството за земјоделство ќе продолжи да ги поддржува настапите на македонските фирми на поголемите и поважни саеми за земјоделство и храна.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници