Министерот Цветков на жетва на ориз во Чешиново

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе присуствува на жетва на ориз во село Чешиново. Парцелата на која ќе се врши жетвата е единствена со ориз во Македонија која има систем за наводнување „капка по капка“.

Овој современ начин на наводнување годинава првпат се примени во Македонија преку иницијативата „Одржливо производство на ориз“, спроведена од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, во соработка со Програмата за заштита на природата (NCP) во Македонија, кофинансирани од Владата на Швајцарија.

Парцелата со ориз на чија жетва ќе присуствува министерот Цветков е сопственост на Јорданчо Лефков.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници