ВИДЕО: Минимална плата од март ќе биде 18.000 денари

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари.

„Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите.

80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.

Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните“, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

СДСМ: Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Горан Наумовски

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Катерина Ѓуровски

Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат