„Мицубиши“ прекинува со испораката на нови модели во Европа

Од:

Јапонската компанија „Мицубиши моторс” реши да ја замрзне испораката на своите модели за европскиот пазар. Продажбата и услугите, сепак, ќе продолжат, како што вели објава на нивната официјална интернет-страница.

Компанијата има загуби во второто тримесечје на 2020 година (1 април – 30 јуни), во вредност од 176 милијарди јени (околу 1,6 милијарди долари). Според познавачите, тоа се должи на намалените продажби поради коронавирусот.

Претходно „Мицубиши моторс” ја објави одлуката за затворање на својата компанија-ќерка „Паџеро Манјуфакчуринг” во префектурата Гифу. Запирањето на погонот, што на паљзарот нуди 63.000 автомобили годишно, е планирано за првата половина на 2021 година.

„Мицубиши“ во 2016 година стана дел од когломератот „Нисан-Ренаулт”, со цел да ги зголеми продажбите на светскиот пазар, што сепак, не се случи. Сега овој бренд планира нов среднорочен план за развој, кој предвидува скратување на производствените расходи за 935 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска