„Мицубиши“ подготвува два нови концепта за Салонот на автомобили во Женева

Од:

„Мицубиши“ ги објави фотографиите на двата нови концепти што има намера да ги претстави на годинешното автошоу во Женева.

Првото од двете напредни возила е „CA-MieV“, електрично возило од новата генерација опремено со високоенергетски батерии и електричен состав со  голема ефикасност.

Автомобилот може бежично да се наполни, а енергијата за електромоторот создава и систем за регенеративно запирање.

Благодарение на лесната и аеродинамична каросерија, „CA-MieV“ може да мине дури 300 километри со едно полнење.

micubisi1

Второто  возило, „GR-XEB“, претставува концепт на SUT (sport ytilits truck) што користи дизел-хибриден погонски систем. Моторот е вграден однапред и е со погон на таканаречениот систем „Super select 4WD“ од новата генерација, каков што се наоѓа во „Пајеро“. Тука е уште и „S-AWC“ системот за контрола на тркалата во сите услови на патот.

Компанијата тврди дека „GR-XEV“ емитува помалку од 149 грама CO2 на километар.

„Мицубиши“ за сега не откри други детали за своите модели, па се очекува повеќе  информации да бидат познати во април на авто шоуто во Женева.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска