Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање дека има многу дилеми во јавноста за јавниот долг, односно што сè стои во структурата на јавниот долг, изјави:

„Ја слушав онаа прес-конференција којашто ја имаа пратеници од СДСМ во рамките на Македонското Собрание, каде што имаше две тези коишто сами по себе се небулозни и на отворена сцена покажуваат непознавање. Но, во ред, јас ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје, па да тргуваат со стабри вакцини или, пак, да горат модуларни болници — тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук, друго не им е во нивната политичка матрица. Но, каква е вистината и каква е реалноста?

Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми коишто Државното јавно претпријатие за државни патишта ги зема, затоа што тие не влегуваат во јавниот долг — и тоа треба да го знаат, затоа што има Закон за јавен долг и тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат активностите, така се испорачуваат фактури, така се повлекуваат заеми и така се плаќаат.

И втората теза — зошто онаа одлука на Владата од 31 август за задолжување на меѓународниот пазар не била предвидена во ребалансот на Буџетот, затоа што таа е да се издаде еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови, коишто го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата. За да можеме да ја вратиме обврзницата којашто тие ја земаа во корона-кризата, за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат стабри вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, а на врвот по бројот на жртви за време на корона-кризата.

Ете, таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитска власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија“ рече премиерот.

Би можело да ве интересира

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он