Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека претстојната зима ќе биде предизвикувачка во делот на енергетиката затоа што очекува зголемување на цената на електричната енергија на берзите во Европа поради случувањата во Украина. Вели дека како држава сме подготвени и дека ќе одговориме на сите предизвици.

– Имам чувство дека оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка не поради температурите, туку поради состојбата што се случува во Украина каде комплетно е уништен електроенергетскиот систем и Украина влече енергија од Европа што значи дека тоа ќе ја зголеми цената на електричната енергија на берзите во Европа и ќе ја намали количината, така што ние мораме да бидеме подготвени, нагласи Мицкоски, додавајќи дека очекува енергетска криза во одредена смисла во Европа.

Мицкоски уверува дека работњето во АД ЕСМ е нормализирано иако компанијата наследила долг од пет милијарди денари и најави дека многу скоро ќе има одговорност за оние што ја оставиле компанијата во таква состојба.

– Бидете сигурни дека е нормализирано работењето на компанијата и ќе има одговорност за тоа што се случувало, но од тоа нема да правиме естрада и театар. Многу скоро од денеска ќе бидат посочени лицата кои се виновни за состојбата во која е оставена компанијата, рече Мицкоски.

Според информациите со кои располага, рече дека долгот за увоз на јаглен е околу милијарда ипол и дека по направените преговори со компаниите добиено е намалување на факурите отприлика од пет милиони евра, додека по основ на ископ на јаловина и јаглен затекнати се долгови од две милијарди денари. Хидрологијата, како што посочи, е речиси празна односно некаде на 24-25 проценти, а не се направени ниту редовните ремонти.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Вашингтон: Mакедонската заедница во САД го поддржа претседателот Трамп за изборите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски