Мицкоски: Имам лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок поради високите цени на прехранбените производи и повтори дека институциите ја следат состојбата и реагираат кај оние трговци што генерираат висок профит.

– Јас имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема. Од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарниот инспекторат ја следат состојбата и навремено реагираат, рече Мицкоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ја поддржи иницијативата на граѓаните за бојкот на маркетите в петок.

Тој вети дека ќе се обрати до соодветните институции за преземање мерки по прашањето дека дел од производителите се уценувани од големите ланци маркети, кои се обидувале да го изиграат законот за нефер трговски практики и им давале договори со 10 отсто маржа, но потоа нуделе специјални договори за маржа и до 45 отсто.

-После оваа содржина на прашањето има две дилеми. Првата е ако се случува, тоа е кривично дело и второ кажете ги кои се. Кога ќе ја напуштам прес-конференцијата ќе се обратам до соодветните институции веднаш да преземат мерки, изјави Мицкоски.

На социјалните мрежи се шират најави за бојкот на маркетите в петок на 31 јануари поради високите цени, по примерот на Хрватска, каде беше реализиран бојкот минатиот петок.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Мицкоски урива сè што е градено со труд и посветеност со години

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинителството и судството често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание

Горан Наумовски

Мицкоски: Папата Франциск низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Мицкоски во Дубаи ги претстави можностите за инвестирање во Македонија

Маркетите од петок ќе ги мора да ги објавуваат цените на веб страниците

Катерина Ѓуровски