А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Економија

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

by А1он05/03/2025 - 13:28469
Share0

На следната владина седница во вторник ќе бидат предложени тројцата членови за Комисијата за утврдување на репрезентативноста на синдикатите, најави премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите, коментирајќи го барањето на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималната плата, Мицкоски рече дека прво треба да се избере репрезентативен синдикален претставник, а потоа да се разговара за зголемување на минималната плата.

Добивај вести на вибер

– Жалам што Сојузот на синдикати на Македонија полека, но сигурно, се претвора во партиска бина или гласноговорник на коалицијата Левица, СДСМ и ДУИ и практично тоа што овие го говорат во Парламентот, тие го говорат на прес-конференции. Тие одбрале таков начин да функционираат. Жалам што во минатото изостана овој предлог. Тие мислат дека сега ќе го исцрпат Буџетот и дека ние ќе дадеме 100-200 милиони денари за нив нема за улици, градинки, училишта, канализации…, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на општина Илинден.

Додаде дека како Влада ќе го прифатат барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 30.000 денари доколку синдикатите и работодавачите се договорат за оваа сума, но со целосно подмирени трошоци од страна на работодавачите.

– Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот, рече Мицкоски.

ССМ во понеделникот на прес-конференција соопшти дека бара дополнително зголемување на нето платата од 6 000 денари, а работодавачите една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно придонесите да ги субвенционира државата.

Ваквиот предлог, според изјавите на дел од претставниците на работодавачите, не е прифатлив, а одлуката треба да биде донесена на Економско-социјалниот совет кој засега нема закажано седница.

mickoskiminimalna plataplata

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

Горан Наумовски01/04/2026 - 13:09

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:34

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:28

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто