МХЕ Тополки: Обврската за долготрајниот закуп на државното земјиште произлегува од Договор за концесија потпишан во 2015

Од:

МХЕ Тополки реагира на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО ДПМНЕ со спинови и невистини повторно се обидува да ја манипулира јавноста.

Постапката за давање државно земјиште на долготраен закуп е загарантирана согласно одредбите од сите Договори за концесија и е редовна постапка согласно Законот за градежно земјиште во однос на изградбата на објекти од јавен интерес како што се малите хидроелектрани. Конкретно, обврска за склучување Договор за долготраен закуп на државното земјиште произлегува од Договорот за концесија на МХЕ Тополки ДОО кој е потпишан со државата во 2015 година.

Самото барање за склучување договор за долготраен закуп на државното земјиште е поднесено на почетокот на февруари 2017 година, што е доказ дека МХЕ Тополки за сето ова време било тенденциозно попречувано од раководните лица од надлежните институции во реализацијата на обврските кои произлегуваат од Договорот за концесија.

Постапките спроведени за реализација на договорот за Концесија на МХЕ Тополки се идентични со постапките со кои досега се изградени над 60 мали хидроцентрали во Република Македонија и на други концесионери.

Со ваквите невистинити тврдења и обвинувања изнесени од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, тенденциозно и намерно се нанесува штета на Друштвото МХЕ Тополки, како и на неговите основачи коишто градат објекти од јавен интерес, а за доброто на сите граѓани на Македонија.

Доколку и понатаму се продолжи со ширење невистини и неосновани обвинувања, Друштвото МХЕ Тополки ќе биде принудено да покрене соодветни судски постапки“ се вели во реакцијата на МХЕ Тополки.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска

МХЕ Тополки: Земјиштето на кое се градат и на кое веќе се изградени 70 мали хидроцентрали останува државно и за него се плаќа годишен надомест

Ана Ололовска

„Тополки“: Фотографиите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прикажува се од друга хидроелектрана која има дозвола за градење од април

Наум Локоски