МФ: Во подготoвка се правни решенија за промена на надоместокот за приватизација на државно градежно земјиште

Од:

Во тек е подготовка на правни решенија со кои ќе се променат надоместоците за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, кое се спроведува од страна на Управата за имотно правни работи, информираат од Министерството за финансии.

„Станува збор за приватизација на државно земјиште само во услови каде е стекнато корисничко право. Со ревидирањето на цените согласно Уредба, ќе се изврши прилагодување и поставување на соодветни цени преку кои УИПР ќе го спроведува процесот на приватизација.

Постапките по овој закон самостојно ги спроведува Управата за имотно правни работи.

Приватизацијата на градежно земјиште во државна сопственост се врши согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, донесен во 2005 година, а висината на надоместокот за приватизацијата е утврдена согласно Уредбата на Владата од 2011 година.

Заради одредени информации пласирани во јавноста мораме да појасниме, дека постапките за продажба на градежно земјиште во државна сопственост се разликуваат од постапките за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, и тие се спроведуваат согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и се водат пред Управата за имотно правни работи, а додека продажбата на градежно државно земјиште, се врши согласно Законот за градежно земјиште во постапки пред Министерството за транспорт и врски или во општините.

Во Управата за имотно правни работи , се решава по барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост како и експропријација на приватно земјиште за реализација на објекти од јавен интерес. Согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост се приватизира само земјиште каде е запишано и стекнато корисничко право со правен основ и се врши приватизација само во услови каде е стекнато ова корисничко право.

Во врска со други случаи кои се спомнуваат во јавноста, мора да дообјасниме дека, постапките за престанување на правото на користење на градежно земјиште на физички и правни лица, во корист на Република Северна Македонија, согласно член 80-б од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, Управата за имотно правни работи носи решение за престанок на правото на користење на физички и правни лица на градежно земјиште, на барање на лица кои изградиле или стекнале во сопственост објект.

Имено, правото на користење на земјиштето ќе престане доколку физичките и правни лица запишани како корисници на градежното изградено земјиште, немаат во сопственост објект или посебен дел од објект во рамките на градежната парцела за која е поднесено барање за престанок на правото на користење.

Против решението, корисникот на кој му е одземено корисничкото право може да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од приемот на решението.

Во Министерството за финансии во подготовка се правни решенија кои ќе бидат поднесени идната недела во Влада за усвојување, а се однесуваат на начинот, условите и висината на надоместокот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост“, се наведува во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Осигурувањето за регистрација сепак поскапува: Премијата останува иста, повисоки се трошоците на осигурителните компании

A1on

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг