МФ: Со клевети за заемот од СБ, СДСМ и штети на Република Македонија

Од:

Министерството за финансии ги оцени како лаги и манипулации вчера изнесените информации од страна на СДСМ за заемот што Република Македонија го доби од Светска банка за поддршка на развојот на македонската економија и смета дека со тоа не и нанесува штета само на Владата, туку и на Република Македонија и на Светска банка.

– Со заемот во висина од 50 милиони долари ќе се финансираат повеќе клучни реформски активности поделени во четири области: развој на производството со висока додадена вредност, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрување на ефикасноста на трговската логистика и воспоставување флексибилност на пазарот на труд преку развој на вештини и иновации. Реализацијата на овие мерки ќе придонесе за развој на приватниот сектор и за подобрување на конкурентноста на македонската економија, наведуваат од Министерството за финансии во денешното соопштение.

Според нив, нелогично е како во СДСМ воопшто се сомневаат во одлуката која Светска банка ја донесе на 29 ноември годинава.

– Бордот на директори кои ги претставуваат повеќе од 190 земји членки, едногласно и додели на Република Македонија заем од 50 милиони долари кои се показател за довербата на Светска банка во Република Македонија и квалитетот на економските политики, стои во соопштението во кое се додава дека во исклучително тешки услови во светот заемот и е доделен на Република Македонија под најдобри можни услови со каматна стапка шестмесечен Еурибор, кој во моментот изнесува 0,61 проценти, со рок на отплата од 18 години и вклучен грејс период од 5 години.

Донесената одлука, посочуваат од Министерството, се базира на повеќе месечни анализи направени од страна на оваа реномирана меѓународна финансиска институција и несфатливо е врз основа на што СДСМ го базира своето толкување дека средствата не се доделени правилно или нема да бидат искористени соодветно.

– Македонија има ниско ниво на долгот од 30,6 проценти и е четврта најниско задолжена земја во Европа. Методологијата по која Министерството за финансии го пресметува долгот на државата е конзистентна со онаа на Еуростат и ММФ. Земјите со сличен рејтинг  како РМ имаат долг во однос на БДП од околу 50 проценти, а мастришкиот критерим изнесува 60 проценти од БДП, појаснуваат оттаму и потенцираат дека несватливо е како за СДСМ, Република Македонија со 30 проценти државен долг е презадолжена или дека по динамика на задолжување потсетувала на Грција. Како резултат, додаваат, на внимателната и успешна фискална политика во изминатите четири години Република Македонија најмалку ја зголеми висината на државниот долг како процент од БДП, споредбено со земјите од ЕУ и регионот.

Во соопштението посочуваат и дека буџетскиот дефицит во Македонија, исто така, е еден од најниските во Европа и што и да каже опозициската партија не може да го побие тој факт.

Во делот на подобрување на бизнис климата, пак, како што наведуваат, Република Македонија е најдобро рангирана во Југоисточна Европа и подобра од 20 земји членки на ЕУ. Рангирањето на 23. место во светот од Дуинг бизнис е најдобар показател за крупните реформи што се прават за подобрување на условите за водење бизнис.

Според Министерството, најпарадоксално во реакцијата на СДСМ е фактот што од 95-та до 2012 година,  14 исти вакви заеми за буџетска поддршка и беа доделени на Република Македонија, од кои голем дел во време на владеење на СДСМ.

– Никогаш претходно ниту една опозициска партија во Република Македонија, а ниту во Европа не реагирала на ваков начин. Поднесувањето на 159 амандмани и пишувањето на срамни писма до Светска банка  е преседан во работењето на Светска банка со Република Македонија  во овие дваесет години, истакнуваат во соопштението и додаваат дека успешната соработка со Светска банка ќе продолжи и понатаму преку инвестициски проекти во инфраструктурата и други проекти кои се од значаен интерес и за македонската економија и за граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски