МФ и додели на Крива Паланка заем во вредност од 51,6 милиони денари

Од:

Министерството за финансии и додели на општина Крива Паланка заем во вредност од 51,6 милиони денари за изградба и реконструкција на улици во градот и за набавка на нова опрема за јавни услуги.

– Со обезбедените средства општината ќе изврши реконструкција на девет постојни улици во градот, како и изградба на мост на локалитетот Куков Дол. Со реконструкцијата на улиците „Никола Тесла“, „Никола Тесла – лев крак“, „Дивјанска“, „Пиринска“, „Биљинска“, „Осоговска (два крака)“, „Наско Тамбурков“, „Климент Охридски“ и „Горан Стојановски“ директна корист ќе имаат околу 1.000 граѓани на Крива Паланка кои живеат на тие локации, информира Министерството за финансии.

За потребите на јавното претпријатие „Комуналец“ во Крива Паланка ќе се обезбеди специјализирана градежна механизација за отстранување на дефекти во водоводната мрежа. Од средствата кои и се доделени на општината ќе се набави и машина со опрема за чистење снег.

– Условите на заемот се исклучително поволни – каматна стапка од шетсемесечен ЛИБОР (која во моментот изнесува 0,9 отсто) и рок на отплата од 13 години со вклучен грејс период од 3 години, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Овие средства се дел од „Проектот за подобрување на општински услуги“ со кој Владата на Република Македонија од Светска банка обезбеди 50 милиони долари за помош на општините. Досега се склучени 26 договори во рамки на овој проект со 24 општини.

Би можело да ве интересира

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Митовски: Водата ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ е сериозно загадена