Нов претседател на Нотарската комора е Методија Ристоски од Скопје. Тој ќе ја води Комората до 2023 година.
Од Нотарската комора денеска информираа дека Ристоски е избран на редовното Изборно собрание што се одржало на 4 јули. Покрај Ристоски, избрани се и членови на органите на Комората.