Делегација на Нотарската комора на одбележување на 10-годишнината од нотаријатот во Република Српска

Од:

Делегација предводена од претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, Васил Кузманоски и потпретседателот Наџи Зеќири, се во службена посета на Бања Лука, по повод јубилејот 10-години од основање на нотаријатот во Република Српска.

Како што соопшти Нотарска комора, Кузманоски денеска бил примен од претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ во Палатата на претседателот на Република Српска, а присуствувале и претседателите на Нотарските комори од Западен Балкан и Сојузната Федерална Нотарска комора на Германија, како и министрите за правда на Република Српска, Антон Касиповиќ и на Република Србија, Нела Кубуровиќ.

На средбата, меѓу другото било истакнато дека нотаријатот кој е заснован на принципите на латинскиот тип е гарант на правната сигурност на граѓаните и правните лица и е еден од битните предуслови за влез на земјите од Западен Балкан во Еврпската унија.

Би можело да ве интересира

Нотарската комора ги демантира изнесените реакции против нотари во отвореното писмо од Амбасадата на Австрија

Катерина Ѓуровски

Методија Ристоски реизбран за претседател на Нотарската комора

Ана Ололовска

Методија Ристоски нов претседател на Нотарската комора

Ана Ололовска

Заев со честитка до Нотарската комора за приемот во Советот на нотаријатите на ЕУ

Ана Ололовска

Нотарска комора нa Македонија примена во Советот на нотаријатите на Европската унија

Ана Ололовска

Средба на претседателот на Нотарската комора на Македонија со турскиот министер за правда

Наум Локоски