Мерките од Планот за економски раст пред компании од ССК

Од:

Како до квалитетни апликации за поголема искористеност на средствата од Фондот за иновации и технолошки развој, е темата на обуката која ја организира денеска Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за своите компании членки, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Од ССК најавуваат дека директорот на ФИТР Јован Деспотовски ќе ги претстави мерките од третиот столб на Планот за економски раст кои се однесуваат на финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој, преточени во среднорочната програма за работа на Фондот.

– Целта е преку интерактивна дискусија компаниите да добијат информации од прва рака за сите фази во процесот на апликација, критериумите, каде да се фокусираат во изготвување на проектот, поднесување и добивање на предвидените средства за негова реализација, велат од ССК.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска