Меркел: Ситуацијата во ЕУ е драматична

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на своите колеги-десничари дека ситуацијата во Европската унија е драматична поради должничката криза, откри лидерот на српската партија Г-17 Млаѓан Динкиќ по завршувањето на Самитот на Европската народна партија.

„Според Меркел, мерките за создавање на фискална и банкарска унија се клучни, бидејќи, според неа, Европа само со монетарна унија е „куќа без покрив“.

Меркел посочи дека еврото не може да се спаси без мерки за фискална политика и без заедничка политика на сите банки од земјите-членки на ЕУ, го откри српскито политичар клучот на денешната тема на Самитот на ЕПП, кој сите лидери не сакале да го откријат по средбата.

Би можело да ве интересира

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија