Меркел: Потребна е политичка волја за зајакнување на еврото

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за време на состанокот со кинескиот премиер, Џијабао, изјави дека за решавањето на кризата во еврозоната потребна е апсолутна „политичка волја“ за зајакнување на еврото.

„Му соопштив на кинескиот премиер дека во моментов се спроведуваат бројни реформи и дека постои апсолутна политичка волја еврото повторно да се претвори во силна валута“, рече Меркел по средбата.

Кинескиот премиер соопшти на заедничката прес-конференција дека зборовите на Меркел во врска со еврото му дале доволно доверба и најави дека Кина ќе продолжи да инвестира. Притоа предупреди дека патот на закрепнување нема да биде толку лесен.

Според него, Кина отсекогаш верувала во еврозоната и се радува што европските земји се повеќе ја користат кинеската валута во трговијата и економските трансакции.

Неговата посета на Германија и средбата со Меркел е пропратена со делегација од најмалку 100 члена. Двете страна најавија и склучување на осум официјални договори помеѓу земјите и неколку бизнис зделки.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот