Меркел: Далеку сме со ставовите, нема драма ако не се договориме денеска

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска потврди дека лидерите на земјите-членки на Европската унија се далеку од договор за Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) за идниот седумгодишен буџет на Унијата.

Пред продолжувањето на состанокoт на Специјалниот самит на Европскиот совет, Меркел порача дека нема драма ако лидерите не постигнат договор.

„Имавме можност синоќа да го разгледаме предлогот на претседателот нa Советот, Херман ван Ромпуј и јас не верувам дека сме блиску до изнаоѓање на договор во оваа фаза. Веќе реков дека нема да биде драматично ако не се договориме при нашиот прв чекор денеска. Во ставовите сме далеку едни од други и ако ни треба втор чекор тогаш ќе ни биде потребно време“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

 

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот