Меркел: Ако еврото претрпи неуспех, значи дека и Европа ќе претрпи неуспех

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел уште еднаш ја повтори својата позната фраза: „Ако еврото претрпи неуспех, тоа значи дека и Европа ќе претрпи неуспех“, пренесе ТАСС.

Меркел денеска одржа говор по повод 70-годишнината од создавањето на Демохристијанската унија (ЦДУ).

Еврото, според Меркел, е нешо повеќе. Тоа не е само валута, тоа е одраз на взаемната доверба во еврозоната. „Ако не можеме да постигнеме компромис, тоа значи дека Европа ќе биде изгубена“, дополни германскиот канцелар.

Имено, поради ова, европските принципи не треба да се прекршуваат, рече уште Меркел. „Би можеле да се откажеме од нив за кусо време. Би можеле едноставно да се предадеме. Само што јас би кажала дека тоа ќе ни нанесе штети на среднорочна и долгорочна перспектива“, изјави Меркел, имајќи ја предвид ситуацијата околу грчкиот државен долг.

На 26 јуни грчката страна еднострано ги прекина преговорите со кредиторите за новите мерки за штедење во замена за уште една транша од финансиската помош. На 27 јуни Еврогрупата, на вонредна седница во Брисел, констатира дека преговорите се прекинати. Програмата за поддршка завршува на 30 јуни и Атина нема да добие одложување на плаќањето кон Меѓународниот монетарен фонд во износ од 1,6 милијарда евра.

На 5 јули во Грција ќе се организира референдум, на кој народот треба да одлучи дали ги прифаќа или не ги прифаќа условите на меѓународните кредитори.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите