МЕПСО ќе гради 100 километри нови далноводи

Од:

МЕПСО распиша тендер за изградба на четири нови 110 киловолтни далноводи, процес во кој ќе изгради над 100 километри нова преносна мрежа. Проценетата вредност за четирите нови далноводи изнесува околу 14 милиони евра. Тендерот е отворен до средината на април годинава. Станува збор за далноводи што ќе се градат на постоечки траси што ги поврзуваат трансформаторските станици: Битола 1 – Прилеп, Скопје 4 – Велес, Штип – Овче Поле и Велес – Овче Поле.

Заедничко за овие далноводи кои ќе се заменуваат со нови е тоа што се постари од 50 години и се поставени на бетонскоармирани столбови. Новите далноводи ќе бидат поставени на челичнорешеткасти столбови со нови проводници, овесна и спојна опрема и ќе бидат со поголема пропусна моќ, а новата опрема ќе ги сведе на минимум ризиците од испади. Планирано е градбата на овие далноводи да заврши во целост до крај на 2020 година.

„Започнавме инвестициски циклус вреден над 50 милиони евра за ревитализацијата и развој на преносната мрежа со кој ќе дадеме силен импулс и за македонската економија затоа што директно или индиректно ќе бидат ангажирани домашни фирми и стручни профили“, истакна Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО.

Овој голем инвестициски циклус почна пред шест месеци со ревитализацијата во трансформаторската станица „Дуброво“ по што следуваше и изборот на изведувач за новиот 110-киловолтен далновод што ги поврзува трансформаторските станици „Штип“ и „Пробиштип“. Покрај тендерот за 4 нови далноводи во рамки на овој инвестициски циклус на почетокот на овој месец МЕПСО распиша уште два меѓународни тендери. Едниот е за ревитализација на четири трафостаници: „Битола 2“, „Валандово“, „Осломеј“ и „Скопје 4“ со проценета вредност од околу 8 милиони евра.

Другиот е за избор на изведувач за набавка и инсталација на нови системи за релејна заштита за потребите во трансформаторските станици на хидроцентралите „Глобочица“, „Шпиље“, „Вруток“ и „Тиквеш“.

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов

Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Катерина Ѓуровски

Птица направи испад во РЕК Битола

Катерина Ѓуровски