Меѓународниот монетерен фонд и дава поддршка на Грција

Од:

Меѓународниот монетерен фонд ја изрази својата поддршка за Грција. Претставникот на фондот Џери Рајс, цитиран од радио Атина, уверува дека ММФ и натаму стои зад Грција и додаде дека грчката влада работи на прифаќањето праведни и балансирани мерки за штедење во замена за доделување на последната транша од заемот за Грција.

Рајс соопшти дека во средината на следната недела во Атина пристигнува Тројката кредитори од ММФ, ЕУ и ЕЦБ, за да ја заврши оценката на економската програма на Грција.

Од извештајот на Тројката ќе зависи и доделувањето на следната транша од спасувачкиот план, во износ од 31,5 милијарда евра.

Грчкиот премиер Андонис Самарас вчера новите мерки за штедење во износ од 11,5 милијарди евра ги оцени како болни, но неизбежни, за да може Грција да го избегне враќањето кон драхмата. Тој појасни дека тоа ќе биде последниот пакет мерки и дека за Грција сега е нужно да ја добие следната транша, поставувајќи го за приоритет решавањето на проблемот со растечката невработеност.

Униформираните од денеска на протести во Атина заради кастрење на нивните плати

Полицајци, пожарникари и пристанишни службеници денеска излегуваат на протести во Атина против намалување на нивните плати во рамки на планираните нови владини мерки за штедење, соопштуваат грчките медиуми.

Протестите почнуваат од денеска со митинг во центарот на Атина и ќе траат десет дена.

Униформираните ќе учествуваат и во протести за време на отворањето на меѓународниот саем во Солун, што треба да почне на крајот од идната недела. Тие сакаат средби со министерот за финансии и со претставници на „тројката“ кредитори, од чиј извештај ќе зависи доделувањето на следната транша од меѓународната финансиска помош за Грција.

Претставници на униформираните изјавија дека не се во состојба да прифати повеќе кастрења на нивните примања, дури ни за едно евро.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица