Меѓународен симпозиум „Енергетика – 2016“

Од:

Во Охрид денеска почнува меѓународниот симпозиум „Енергетика – 2016“ што го организираЗдружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).

На настанот кој традиционално се одржува секои две години, ќе бидат презентирани 79 авторски  трудови, а на пленарните седници ќе се дискутира за енергетската стратегија на Балканот, термоелектраните, природниот гас, технологија на хидроелектрани и дигиталната опрема за управување на капацитети. Целта е обезбедување платформа  за размена на најважните информации, постигнувања и искуства меѓу експертите од областа на енергетиката, приватни компании, истражувачките центри, универзитетите и другите заинтересирани страни на локално и на меѓународно ниво.

Симпозиумот ќе трае до сабота, 8 октомври, а на денешните две пленарни сесиии експерти од Македонија, Бугарија, БиХ, Италија, Русија и Шведска ќе дискутираат за состојбите во секторот како значаен  економски фактор  во Република Македонија и пошироко.

Енергетската фела ќе  разменува  мислења околу предизвиците со кои се соочуваат енергетските субјекти и ќе ги идентификува механизмите за нивно надминување. Ќе бидат презентирани и иновации во областа на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, како и новите прелиминарни анализи околу идните потенцијални енергетски проекти во Македонија.

Главен покровител на годинашниот симпозиум е АД ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

ВМРО-ДПМНЕ: Проблеми во енергетскиот сектор се последица на криминалното работење на СДС и ДУИ

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација