Меѓународен ден на штедење

Од:

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денеска на свечена седница ќе додели признанија на 37 најдобри шалтерски работници од банки и штедилници за постигнати резултати во  работење со население за 2013 година.

На седницата е најавено присуство и на гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, како и претставници од банки и од другите финансиски институции, од осигурителниот сектор, државни институции.

По повод меѓународниот ден на штедење, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и НБРМ распишаа конкурс за деца и млади за ликовна творба за учениците од основното образование и литературна творба за учениците од средното образование. Темите се „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурување на домот и семејството“. Ќе бидат доделени 12 награди за избраните најдобри творби.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата