Меѓународен ден на осигурувањето

Од:

Агенцијата за супервизија на осигурување денеска ќе го одбележи 1 ноември – Светскиот ден на осигурувањето.

На свеченоста организирана по овој повод ќе биде доделена награда за најдобар истражувачки труд од областа на управувањето со ризици и осигурување и ќе биде промовирана брошура за корпоративно управување во друштвата за осигурување.

Осигурителниот пазар во Македонија бележи позитивен тренд на пораст. Заклучно со 30 септември порастот кај неживотното осигурување е 4,6 отсто, а во делот на осигурување на живот има стапка од 21 отсто.

Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски очекува ваквите високи стапки да се задржат до крајот на годината.

Тој потенцира дека недоволно е осигурувањето на домовите и оти според податоците имотното осигурување е 3,4 проценти.

– Тоа укажува дека многу е ниска ставката на пенетрација на имотното осигурување кај секторот население односно осигурување на својот имот, а причини има повеќе. Најнапред самата свесност на населението за потребата од купување на осигурување, потоа понудата на друштвата за осигурување кои треба да бидат насочени повеќе кон доброволните видови осигурување, бидејќи досега беше во делот на моторното осигурување или автоодготовноста, изјави Попоски.

Тој очекува во периодот што следи во делот на имотното осигурување да има и да се бележи постојан раст.

Би можело да ве интересира

Владата донесе одлука со којашто цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Осигурителните компании имаат рок до вечер да ги вратат старите цени на полисите

Орце Костов

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за авто осигурување

Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата