Медведев и Јилидирим разговараа за изградба на „Турскиот поток“

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска телефонски разговараше со неговиот турски колега Бинали Јилдирим за реализација на повеќе енергетски проекти и за зајакнивање на билатералната соработка, соопшти прес-службата на Владата на Русија.

– Дмитриј Медведев и Бинали Јилдирим разговараа за актулени прашања поврзани со трговско-економската соработка и за реализација на големи заеднички проекти во енергетската сфера, вклучително и изградбата на гасоводот „Турски поток“ и на нуклеарната централа „Акују“, се наведува во соопштението.

Како што јави ТАСС, во разговорот Јилидрим му честитал на Медведев за победата на неговата партија Единствена Русија на неодамнешните избори за членови на Државната дума.

– Јилдирим го нагласи интересот на неговата Влада за постепен развој на руско-турските односи, се наведува во соопштението, при што се нагласува дека телефонскиот разговор бил одржан на иницијатива на турската страна.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил