Матичната компанија на ЕДС, PPC, избрана за компанија на годината во Грција

Од:

PPC, една од водечките енергетски компании во Југоисточна Европа, и мајка компанија на снабдувачот со електрична енергија ЕДС, е прогласена за „Компанија на годината“ на престижните грчки бизнис награди „Лидери на грчката економија 2025“, традиционално организирани од Direction Business Network.

Ова врвно признание е резултат на гласањето на над 9.500 високи раководители од најголемите грчки компании и е силна потврда за развојниот курс и успешната стратегија на PPC во последните години.

Со вкупен инсталиран капацитет од 12,4 GW и повеќе од 8,8 милиони клиенти, групацијата PPC има значајно присуство на регионалниот енергетски пазар. Активна е во Грција, Романија, Италија, Бугарија и Хрватска, каде што обезбедува безбедно и квалитетно снабдување со електрична енергија, конкурентни цени и пристап до зелена енергија и дигитални технологии преку иновативни и одржливи решенија.

Како дел од оваа групација е и ЕДС, која е водечка компанија на пазарот за трговија со електрична енергија кај нас, и која ги носи најдобрите европски практики и решенија на домашниот пазар. Како и нејзината матична компанија, ЕДС со години е меѓу најуспешните компании во домашниот бизнис сектор. Оваа година, ЕДС го доби и сертификатот „Бизнис лидер“ од агенцијата за кредитен рејтинг Target Group, што е признание за стабилноста, професионализмот и континуираниот раст на компанијата на пазарот на електрична енергија.

Оваа награда е уште една потврда за визијата на PPC Group да биде двигател на енергетската трансформација во регионот, со фокус на одржливост, дигитализација и одговорност кон заедницата.

Би можело да ве интересира

Зошто сè повеќе компании избираат фиксна цена на електричната енергија?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Промената на снабдувач со електрична енергија е полесна отколку што мислите

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час