Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа

Од:

Мултимилијардерот Илон Маск верува дека вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа.

Според него, вештачката интелигенција би можела да стане најразорната сила во историјата.

Тој рече дека ќе ја доведе во прашање самата смисла на животот.

Тој зборуваше за вештачката интелигенција во официјалната резиденција на Велика Британија, Ланкастер Хаус, пренесува Капитал.

„За прв пат ќе имаме нешто попаметно од најпаметниот човек. Тешко е да се каже точно кога ќе се случи, но ќе дојде момент кога нема да ви треба работа. Ќе можете да имате работа, но ако сакаат работа за лично задоволство.Но вештачката интелигенција ќе може да направи се“, смета Маск.

Тој на шега рече дека не знае дали на луѓето ќе им биде удобно или непријатно поради тоа.

Тој очекува дека вештачката интелигенција ќе направи многу работи остварливи и дека нема да има ограничувања. Тој истакна дека ова е и добро и лошо и дека поради ова еден од предизвиците ќе биде како да се најде смислата на животот.

Маск постојано предупредува за заканите од вештачката интелигенција. Во една прилика тој рече дека вештачката интелигенција може да биде поопасна од нуклеарното оружје, пишува американскиот деловен портал CNBC.

Би можело да ве интересира

Изгубија 209 милијарди долари за два месеци – кој помина најлошо?

А1он

Социјалната мрежа „Х“ е неволја, Илон Маск откри дека платформата е цел на сериозен сајбер напад

А1он

ВИДЕО: Експлодираше Starship на Маск, предизвика хаос со летовите на неколку аеродроми

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Маск: Треба да му се понуди амнестија на Зеленски

Маск: САД треба да ги напуштат НАТО и ОН