Маск продаде 10 отсто од акциите во „Тесла“

Од:

Основачот на „Тесла“, Илон Маск, продаде акции во вредност поголема од 1,1 милијарда долари, јави Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на финансиски документи.

Тој продал повеќе од 930.000 акции откако беше обвинет за затајување данок. Бизнисменот, меѓутоа, сè уште поседува повеќе од 170 милиони акции во компанијата.

Продажбата на акциите веќе е реалност, откако бизнисменот на Твитер најави дека ќе продаде 10 отсто од своите акции во „Тесла“.

Основачот на „Тесла“ во саботата твитна дека „во последно време многу се зборува за неостварената добивка како алатка за даночно затајување“, па тој понуди да продаде 10 отсто од своите акции во „Тесла“ и изрази подготвеност да донесе одлука врз основа на анкета меѓу интернет потрошувачите. Повеќе од половината од нив или 57,9 отсто се изјаснија за продажба на акциите.

Весникот „Волстрит журнал“ истакна дека Маск останува најголемиот акционер во „Тесла“, со сопственост врз околу 17 отсто од компанијата, чија вредност се проценува на околу 200 милијарди долари.

Маск објасни дека ги продава акциите за да си ги плати даноците.

Претходно, бизнисменот го критикуваше „данокот за милијардерите“, што го предлагаат демократите во американскиот Конгрес.

Веднаш по неговиот твит вредноста на акциите на „Тесла“ опадна, а капитализацијата на компанијата падна под еден трилион долари.

Американската компанија „Тесла Моторс“ е основана во 2003 година како иноватор и производител на електрични возила и сродни технологии. Седиштето на компанијата е во Пало Алто, во Калифорнија. Покрај електричните возила, компанијата произведува батерии и електрични мотори користејќи сопствена технологија и ги продава на други автомобилски компании како „Тојота“ и „Дајмлер“.

Според рејтингот на милијардери на „Форбс“, на 1 ноември годинава Маск стана првиот човек во историјата чие богатство надмина 300 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Маск им одговара на огласувачите: „Еб*те се”

Предраг Петровиќ

Разговорот меѓу Ердоган и Маск стана хит, претседателот на Турција го праша: Каде ти е сопругата?

Предраг Петровиќ

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он