Машиновозачите бараат враќање на поранешниот начин на пензионирање

Од:

Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија при МЖ Транспорт бара пензионирање на машинскиот и извршниот персонал со 40 години стаж, со што, како што соопштуваат, ќе им се врати правото што им било одземено во 2007 година.

Во соопштение НСМПМ денеска наведе дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска минатата есен им ветила оти на машиновозачите и извршниот машински персонал заедно со рударите ќе им биде вратен стариот начин на пензионирање.

– Сакам да го информирам и потсетам министерот за труд и социјална политика за нашето одземено право кое го имавме до 2007 год. за одење во пензија со стаж од 40 година како еден од условите, а министерот ги спомна само рударите иако есента 2017 година ни вети дека во пакет заедно со рударите ќе ни биде вратен стариот начин на пензионирање и тоа како за полиција и рударите така и за вас машинскиот и извршниот персонал на МЖ-Транспорт А.Д Скопје. Па така, една опомена дека доколку нас машинскиот и извршниот персонал не изоставите од промените на новиот закон за пензионирање, ние нема да останеме пасивни туку на наш начин радикално ќе се спротивставиме на таквиот закон каде што нас ќе не дискримирате, се вели во соопштението, потпишано од претседателот на НСМПМ Душко Чакаровски.

Во изјава за МИА Чакаровски рече дека до 2007 година машиновозачите имале право за предвремено пензионирање со стаж од 40 години односно со 30 години ефективен и 10 години бенифициран стаж.

Тој најави дека ќе бараат средба со ресорната министерка за да добијат исто право за пензионирање како рударите и полицијата.

– Не може да возиме на 60 години. На таа возраст не сме психиофизички способни за ваква работа. Надлежните институции нека споредат на колку години се пензионираат машиновозачите во другите држави, изјави Чакаровски.

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт го сочинуваат 230 вработени, од кои годишно се пензиониарат 10 до 15 лица.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски