Мари: ММФ е подготвен да соработува со секоја нова влада во Грција

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да соработува со секоја влада, која ќе дојде на власт по изборите во Грција, што ќе се одржат во недела, изјави портпаролот на ММФ, Вилијам Мари за грчкиот весник „Етнос“.

– ММФ ги почитува демократските изборни процедури во Грција и не се меша во внатрените работи на земјата, истакна Мари.

Тој посочи дека ММФ очекува да продолжат преговорите со новата грчка влада за финансирање на земјата.

– Фондот има програма за Грција и ќе побара од новата влада во Атина да продолжат преговорите за финализирање на шестиот дел. Дали преговорите ќе продолжат зависи од одговорот на новиот грчки премиер. Ако одговорот е негативен тогаш ММФ ќе постапи како во случајот со Унгарија, ќе направи чекор назад и ќе се чека промена на владата или ја известиме со писмо, дека завршува програмата и исплатата на останатите транши, наведе Мари.

Тој наведе дека ММФ оценува оти е невозможна варијанта излегувањето на Грција од еврозоната.

– Прашањето за преструктуирање на грчкиот долг е сложено, како што изјави и директорката на ММФ Кристин Лагард дека преструктурирањето на долгот ќе биде со последици, потенцира Мари.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица