Малпас: Од коронавирусот најмногу се погодени оние кои најмалку тоа можат да си дозволат

Од:

Пандемијата на коронавирусот е катастрофален удар за светската економија, а економските последици би можеле да траат и една деценија, изјави претседателот на Светската банка,  Дејвид Малпас.

Во интервју за радио Би-Би-Си, Малпас кажа дека поради економската криза предизвикана од пандемијата повеќе од 60 милиони луѓе можат да се соочат да живеат со помалку од една фунта дневно.

-Комбинацијата на самата пандемија и затворањето на економијата значи дека се погодени изворите на егзистенција на милијарди луѓе и ова е причина за загриженост, рече Малпас.

„И директните последици, во форма на загубени приходи, но и здравствените и социјалните последици, се навистина сериозни“, истакна тој.

Најмногу се погодени оние кои најмалку тоа можат да си дозволат, предупреди Малпас.

-Штетата на глобалната економија и тенденцијата синџирите за снабдување да се преместат на поблиски локации и да се кренат трговски бариери е предизвик, рече претседателот на Светската банка.

„Кога трговијата паѓа, тоа само по себе создава тензии и нееднаквост … Сигурен сум дека глобалната економија ќе биде поврзана внатре во себе, но можеби помалку отколку пред Ковид-19“, додаде тој.

Оваа катастрофа, сепак, може да се надмине, а луѓето се флексибилни, рече Малпас.

-Мислам дека е можно да се најде начин, но тоа е тешка задача за земјите и нивните влади, рече Малпас, истакнувајќи дека Светската банка може да ги охрабри овие напори.

„На долг рок јас сум оптимист дека човечката природа е силна и дека иновацијата е нешто реално. Светот се движи брзо и можноста за поврзување никогаш не била поголема, што всадува надеж за иднината“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот