Макрон: ММФ треба да покаже добра волја во разговорите за грчкиот долг

Од:

Францускиот претседател Еманул Макрон при посетата на Атина, го повика Меѓународниот монетерен фонд (ММФ) да покаже „добра волја“ во претстојните разговри за грчкиот долг.

– Улогата на ММФ на крајот од овие разговори треба да биде добронамерна и не треба да бидат поставувани дополнителни услови, нагласи Макрон на заедничката прес-конферениција со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Макрон истакна дека Грција треба да продолжи со реформите.

– Ние ги гледаме првите сигинали дека Грција излегува од кризата, констатираше францускиот претседател, потенцирајќи дека сепак Атина треба да продолжи да ги спроведува реформите.

Ципрас, од своја страна, изјави дека Грција остава зад себа тешки години и оти е на крај на финансиската криза.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он