Македонско-унгарски бизнис форум

Од:

Македонско-унгарски бизнис форум ќе се одржи денеска на Скопски саем  во рамки на саемот Технома 2016, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија.

На бизнис форумот официјални обраќања ќе имаат Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и Ласло Дукс, aмбасадор на Унгарија во Македонија. Пред присутните ќе говорат и Ервин Сзел, економски советник во Амбасадата на Унгарија во Македонија, Маја Костова од Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ и Роберт Добо, проектен менаџер за Македонија при Унгарска национална трговска куќа.

Целта на Македонско-Унгарскиот Бизнис Форум е подобрување на меѓусебната соработка, остварување на директни контакти со компаниите од Унгарија во насока на креирање можности за воспоставување конкретна деловна соработка и зголемување на продажбата на домашните производи и услуги, информираат од Сојузот на стопански комори.

На Бизнис форумот ќе присуствуваат унгарски компании од  секторите за произоводи за винска индустрија, производство и продажба на алуминиумски профили, производство на синџири, додатоци за синџири, пластични садови, производство на систем – Термален Блок за изградба на куќи од А+ категорија ниско-енергетски потреби или пасивни куќи, компании од хемиска индустрија и други.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски