Македонско-Индонезиски бизнис форум во Скопје

Од:

Трговската размена меѓу Индонезија и Македонија е добра и е слична како и со сите земји од Источна Европа, но сепак постои можност за нејзино унапредување, оцени директорот на Индонезискиот центар за трговска промоција, Русмин Амин на денешниот бизнис форум во Стопанската комора на Македонија.

– Нашата мисија е да направиме мостови меѓу бизнисмените од Индонезија и Македонија. Затоа ве повикувам да земете учество на „Трејдекспо Индонезија 2013“, најголемиот саем во Индoнезија и во Југоисточна Азија што ќе се одржи од 16 до 20 октомври во Џакарта. Ние ќе ви обезбедиме бесплатен превоз од аеродромот и две ноќевања во хотел со пет ѕвезди во Џакарта, им порача Амин на присутните македонски бизнисмени на форумот.

Лани, како што рече, на саемот имало 1.000 излагачи и се направил промет од една милијарда долари, а годинава се очекуваат околу 2.000 излагачи и промет од две милијарди долари. Саемот лани го посетиле 5.000 потенцијални купувачи, а годинашното издание се очекува да го посетат 10.000 купувачи.

Тој истакна дека има многу индонезиски текстилни компании заинтересирани за соработка со македонските компании од областа на текстилот кои произвоедуваат со нанотехнологија. Голема можност за соработка има и во областа на есенцијалните масла и накитот.

Љупчо Величковски од МЗТ Комерц, кој два пати го посетил саемот во Џакарта, рече дека станува збор за саемска манифестација за извозно ориентирани фирми од Индонезија, на која сепак има можност да се склучат договори за увоз на стоки од Македонија.

– За таа цел неопходно е претходно да се обезбедат контакти со нивните претпријатија кои би биле заинтересирани за увоз на стоки од Македонија. Тоа може да се направи преку амбасадата на Индонезија во Будимпешта и Индонезискиот центар за трговска промоција со седиште во Будимпешта, рече Величковски.

Јосиф Јордановски од МЗТ ЕКА, која произведува мерна и испитна опрема за тестирање на железнички и транспортни возила, го презентира нивното позитивно искуство од соработката со индонезиските компании. Нивната фирма, како што кажа, успеала да добие тендер во Индонезија за доставување на 21 испитна машина.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов