Македонските вина на саем во Хонг Конг

Од:

Вината од македонските винарии деновиве се промовираат на Интернационалниот саем за вино и жестоки пријалоци што се одржува во Хонг Конг.

Девет винарии Тиквеш, Сковин, Стоби, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула организирани преку Здружението „Вина од Македонија“ ги презентираат своите призводи пред увозници, дистибутери, претставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Саемската манифестација е најголема во овој дел на Кина и на неа своите вина ги презентираат над 1000 изложувачи од 38 земји во светот, а саемот го посетуваат повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.

Учеството на саемот и Националниот павиљон се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки е обезбедена финансиска поддршка за простор и  штанд од 100м2.

Хонг Конг и Кина се едни од најбрзорастечките пазари во потрошувачката на вино во последните неколку години и постои голем потенцијал за пласман на македонското вино.

Промотивните активности на винариите во Кина продолжуваат и следната недела со учество на Саемот за вино во Шангај што ќе се одржи од 12 до 14 ноември. 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8