Македонскиот БДП со раст од 2,9%

Од:

Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) во првото тримесечје од годината остварил стапка на раст од 2,9 отсто, во однос на истиот период лани, покажуваат првичните податоци на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори.

Мотор на ваквиот раст во првиот квартал во првиот сектор било градежништво, чии активности се зголемиле за 36,8 отсто.

Пораст од 2,5 отсто остварен е во секторите, Сообраќај, складирање и врски,  Финансиско посредување, Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, Други комунални, општи и лични услужни активности (вклучени се и импутираните станарини)

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2012 година, номинално расте за 2,1 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79,3 отсто.

За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално порасна за 0,2 отсто, а увозот на стоки и услуги забележа намалување во номинален износ од 3,1 отсто.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана